Свесни дека само најдоброто е доволно добро, во нашето производство користиме исклучиво само најквалитетни материјали. Во текот на изработка на класични царински церади користиме церадно платно од 690гр./м2, а додека кај церадите со страничен систем на затегачи користиме церадно платно од 900гр./м2.

Изведби на церади:

-          Класични царински церади;

-          Клизни церади;

-          Церади со странично затегнување

Церади за теренски и комерцијални возила

Покрај класичните церади изработуваме и церади и покриви за лични, теренски и комерцијални возила, како и покривки за пловила. Церадите се од висококвалитетен материјал отпорен на временските услови.