Компанијата ЦЕРАДА ПЛАСТ ДООЕЛ РАДОВИШ е основана во 2004 година и се наоѓа во индустрискиот дел на Општина Радовиш. Постепено, семејниот бизнис прераснува во сериозна конкурентска фирма на територијата на цела Македонија.

Квалитетот на изработката на нашите производи го сочинуваат високо квалитетните материјали од светски познати брендови, кои се гаранција за квалитет со што јасно се гледа насоката на движење на нашата компанија.

Постојаното инвестирање во нови технологии, брзина, сигурност и квалитет, се причините заради кои се повеќе компании се одлучуваат да соработуваат со нас.