ФИКСНИ ТЕНДИ

Независно дали станува збор за самостоен објект, или тераса во склоп на некој друг објект, фиксните тенди се идеално решение. Ги изработуваме во сите големини и облици. Тие се од висококвалитетен материјал, разни бои и форми. Материјалите од кои се изработуваат тендите се од висококвалитетен материјал и се отпорни на сите временски услови.

Со своето богато искуство ние ќе ви помогнеме во смислувањето на самиот изглед, како и во изработката на носечката конструкција за тендите.

АЛУ ТЕНДИ НА ИЗВЛЕКУВАЊЕ / ЗГЛОБНИ ТЕНДИ

Тендите на извлекување се одликуваат со лесна конструкција од пластифициран алуминиум, кои се со механизми од инокс ланци што ги прави отпорни на сите временски услови. Лесно се поставуваат и прилагодуваат на сите објекти, и се многу едноставни за ракување.

ТЕНДИ НА РАСКЛОПУВАЊЕ

Тендите на расклопување за семејните домови пружаат идеална заштита од сонцето. Освен тоа што Ве штитат од сонцето, ја одржуваат свежината  како на терасата така и на целата куќа. Со својот дизајн визуелно го потполнуваат изгледот на домот, и без проблем се вклопуваат во било која целина. Освен механизмите за рачно собирање, во нашата понуда има и механизми за електрично (автоматско) собирање.